ХОРТИКУЛТУРНИ ЗАФАТИ НИЗ ОХРИД И ПРИГРАДСКИТЕ НАСЕЛБИ

Екипите на „Јавно зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец” деновиве интензивно го уредуваат јавното зеленило во централното градско подрачје и приградските населби.

Се уредуваат крошните од дрворедите по улиците: „Партизанска”, „АСНОМ”, „Јане Сандански” и „Питу Гули” со цел подобра видливост и движење на возилата и пешаците.

Покрај тоа се реализираа акции за косење на тревата, подигање на зелен отпад и отстранување на ниската вегетација од пешачките патеки и тротоарите во „8.ма Урбана заедница” (населба Билјанини Извори), во с.Рача и  ул. „Крум Точков”.

Согласно оперативната програма за 2019 година тековно се одржуваат и тревните површини во градскиот парк и покрај пешачката патека кај каналот Студенчишта.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close