Охридскиот аеродром – рангиран во најдобрите трите во Европа

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид е рангиран во најдобрите трите аеродроми во Европа што постигнале највисок раст во првиот квартал од 2019 година, во групата аеродроми со под пет милиони патници годишно.

Според Меѓународниот совет на аеродроми (ACI), охридскиот аеродром бележи 63.9 проценти пораст на патничкиот сообраќај во првиот квартал од 2019 година, а 96,9 отсто пораст на патничкиот сообраќај во март 2019, споредено со март 2018 година. Во категоријата аеродроми со помалку од пет милиони патници годишно, поголем раст бележат само италијанскиот аеродром во Таранто и грузискиот аеродром во Кутаиси .

Споредено со просечниот пораст на патничкиот сообраќај на европските аеродроми од 4,4 отсто, порастот на аеродромот во Охрид е поголем за 60 проценти. Со стапка на раст од 5,6 отсто во првото тримесечје од 2019 година, Меѓународниот аеродром Скопје, исто така во првиот квартал од 2019 бележи повисок просек од оној низ Европа.

„ТАВ Македонија“ ја заврши 2018 година со вкупно 2,3 милиони патници на двата аеродрома, што претставува 16 процентен годишен пораст, и со реализирани 19.750 летови односно деветпроцентен годишен пораст.

Извор: МИА

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close