ВИДЕО: Најмалку 7 загинати во пожар во зграда во Париз

Најмалку седум лица загинаа, а десетици други се повредени откако пожар зафати неколку ката од осумкатница во Париз, Франција, пренесува РТ. Пожарот избувнал рано изутрината со 16-тиот арондисмент на Париз. Жителите на луксузната населба се качиле на покривите за да избегаат од чадот и од пламенот додека спасувачките екипи се бореле со пожарот. Досега има […]

The post ВИДЕО: Најмалку 7 загинати во пожар во зграда во Париз appeared first on Скопје1.мк.

Најмалку седум лица загинаа, а десетици други се повредени откако пожар зафати неколку ката од осумкатница во Париз, Франција, пренесува РТ.

Пожарот избувнал рано изутрината со 16-тиот арондисмент на Париз. Жителите на луксузната населба се качиле на покривите за да избегаат од чадот и од пламенот додека спасувачките екипи се бореле со пожарот.

Досега има потврда за најмалку седум загинати во пожарот, објавија властите, додека најмалку 27 други, меѓу кои и тројца пожарникари, се здобиле со повреди.

„Црниот биланс може да се зголеми бидејќи пожарот се уште е во тек на 7-от и 8-от кат”, изјави портпаролот на противпожарната служба.

Околу 200 пожарникари беа распоредени во областа. Останатите жители на зградата и оние во соседните згради биле евакуирани.

The post ВИДЕО: Најмалку 7 загинати во пожар во зграда во Париз appeared first on Скопје1.мк.

Close