Минималната пензија од 900 евра

Во рамките на владејачката демохристијанска социјалдемократската коалиција на канцеларката Ангела Меркел деновиве се разви дискусија во врска со предлогот на социјалдемократите од воведување минимална пензија од 900 евра. „Мојата цел е да не ги зголемуваме пензиите за 20 евра бидејќи тоа нема никому да му помогне. Зголемувањето треба да биде многу повисоко“, рече министерот за […]

The post Минималната пензија од 900 евра appeared first on Скопје1.мк.

Во рамките на владејачката демохристијанска социјалдемократската коалиција на канцеларката Ангела Меркел деновиве се разви дискусија во врска со предлогот на социјалдемократите од воведување минимална пензија од 900 евра.

„Мојата цел е да не ги зголемуваме пензиите за 20 евра бидејќи тоа нема никому да му помогне. Зголемувањето треба да биде многу повисоко“, рече министерот за труд Хубертус Хејл (од Социјалдемократската партија на Германија, СПД) во интервју за јавниот радиодифузен сервис АРД објаснувајќи го својот концепт за воведување минимална пензија.

Хејл сака на ваковиот начин финансиски да им помогне на оние работници што целиот свој живот работеле за минимална плата и кои во моментот примаат пензија чиј износ е малку над 500 евра.

Овие пензионери во моментот имаат право на финансиска помош во рамките на социјалната заштита, а износот зависи од висината на пензијата и местото на престој.

За коалицискиот партнер на социјалдемократите, Демохристијанската унија ЦДУ/ЦСУ, предлогот на министерот за труд Хејл оди малку предалеку.

„Ние и натаму се залагаме за добро насочена финансиска помош, а не за произволно зголемување на пензиите“, рече Петер Вајс, портпарол на парламентарната група за социјално политички прашања на Унијата ЦДУ/ЦСУ.

Германската канцеларка, Ангела Меркел, реагира претпазливо на новиот предлог укажувајќи на коалицискиот договор во кој се одредува најнискиот износ на пензија, која ќе биде 10 отсто повисока во однос на т.н. социјален праг, а предлогот на Хејл практично значи зголемување од 20 проценти.

The post Минималната пензија од 900 евра appeared first on Скопје1.мк.

Close