Охридскиот театар втора година го нема на „Војдан Чернодрински“

Охридскиот Народен Театар втора година по ред не се претставува на познатиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Така е и годинава на педесет и четвртото издание на театарскиот фестивал кој годинава ќе се одржи од 7 до 15 јуни. Од домот на културата во чиј состав е и Народниот Театар во  Охрид молчат за ова, а во медиумите испраќаат соопштенија дека е поставена нова табла пред институцијата.

Претходно од основањето охридскиот театар редовно беше присутен на овој фестивал.

Инаку годинава осум претстави ќе бидат во официјалната конкуренциија : „Макбет“ од МНТ Скопје, „Странци“ – Драмски театар Скопје, „На отворено“ – театар Комедија Скопје, „Смртта на Дантон“ од Албанскиот театар, „Физика на тагата“ – кумановскии театар, „Бакхи – краток преглед на распадот“ – Народен театар Битола, „Животинска фарма“ – театар Струмица и „Пиреј“ во изведба на театарот од Прилеп. Новитет е воведувањето на награда од публиката.

Наградите за животно дело годинава одат кај Владимир Милчин и актерот Бајруш Мјаку. Фестивалот со театарска музика ќе го отвори Влатко Стефановски, а која претстава ќе биде прва прикажана засега останува тајна. Не се знае ниту точниот број на претстави кои ќе бидат во неофицијалниот дел.

Чернодрински е најрепрезентативниот театарски фестивал кај нас. Тука публиката има можност во текот на 8 дена да го види најдоброто од оваа уметност во Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close