Одземена возачката на Бекам, зборувал на мобилен

Судот во Лондон му ја одзеде возачката дозвола на Дејвид Бекам на шест месеци поради користење на мобилен телефон додека возел.

Поранешниот фудбалер (44) признал дека возел и зборувал на мобилен во ноември минатата година, откако против него сведочел очевидец.

Бекам во јануари годинава беше обвинет за брзо возење, односно дека возел над 90 километри на час во областа каде што брзината е ограничена на 65 километри на час, во западниот дел на Лондон. И тогаш се изјасни за виновен, но ја избегна казната поради процедурален пропуст.

Во овој случај го бранеше американскиот адвокат Ник Фримен, кој во 1999 година му помогна на Бекам да не му ја земат дозволата поради пребрзо возење, а фудбалерот тврдел дека се обидувал да избега од папараци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close