Турското одморалиште кое се споредува со Миконос и Сен Тропе

Заборавете на Бали, Миконос и Сен Тропе. Новата и моментално не многу популарна луксузна дестинација е во наша близина. Турското одморалиште Бодрум е често посетувано од европски туристи, но во последните години спаѓа во „радарот“ и на гости од САД, пишува „Business Insider“.

Се наоѓа во југозападниот дел на Турција и има пристап до Егејското Море. Две изданија – „Both Condé Nast Traveler“ и „Bloomberg“ го најавија Бодрум како едно од најдобрите места за одмор во 2019-та година, а дури од „Bloomberg“ им препорачаа на своите читатели да го избегнуваат Бали, за сметка токму на Бодрум.

Токму таму се наоѓаат и голем број хотелски синџири со пет ѕвезди, како што се „Six Senses“ и „Edition Hotels“.

Бодрум импресионира, како со луксузните хотели, така и со многубројните базени, клубови, неверојатно вкусната храна, јахти и личности.

Новата елитна дестинација. Така Џени Саутон, основач на „Globetrender“ го опишува Бодрум, додавајќи: „Ова е новата „жешка“ точка за модели и познати личности“.

Бодрум Кале или тврдината Бодрум е уште една од атракциите во туристичкиот град. Нејзината историја датира од 15-ти век.

Улиците на Бодрум се исто така импресивни, но што да се каже за пристаништето на кое можат да се видат јахти вредни милиони.

Во случај дека го посетите Бодрум не пропуштајте ги и локалните пазари, на кои може да се види да се продава сè – од риба до зачини, овошје, зеленчук, маслиново масло и друго.

Минатата година, во Бодрум дури одмораше и Алиан Ибрахимов. Казахстанскиот милијардер беше забележан на својата јахта „I Dynasty“.

Во 2013-та година на одмор во Бодрум беше и Роман Абрамович. Еден од најбогатите Руси исто беше таму со јахата наречена „Eclipse“.

Еден од најубавите хотели во одморалиштето е „Mandarin Oriental“, каде цените започнуваат од 568 долари за една ноќ и можат да достигнат до 1.000 долари.

Ако сакате целосен мир, тоа ќе ве чини помеѓу 1.400 и 23.000 долари за една ноќ. За оваа цена можете да изнајмите различни видови вили, од кои секоја има свој базен.

Други луксузни хотели во Бодрум се „Lux Bodrum“, „Nikki Beach“ и „Bodrum Edition“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close