Во Кривичен продолжува судењето за „Траекторија“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопјде денеска продолжува судењето за постапката за избор на компанија за изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и во него обвинети се поранешниот премиер Никола Груеваки на кого му се суди во отсуство, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

На денешното рочиште, како што е најавено, треба да биде изведена смс-комуникација на Владимир Пешевски, по што следуваат економски вештачења од СЈО и одбраната.

Случајот го води судијата Горан Бошевски, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска од СЈО.

Според обвинението на СЈО обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанелр штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close