Колев: ГДУ во Охрид ги одби понудите да се пазари со директорски места

Лидерот на партијата ГДУ изјави дека неговата партија во Охрид добила и одбила понуди да се пазари со гласовите кои ги освои партијата,  за да ја даде поддршката на СДСМ или на ВМРО ДПМНЕ.

Тој напомена дека тие на гласовите не гледале како на нешто што им припаѓа и може да го насочуваат каде ќе посакаат за да добијат функции туку оставиле граѓаните кои гласале за нив сами да се определат што ќе прават.

Колев рече дека доколку гласовите на ГДУ се преточат во советници, таа партија би имала 2 советници.

Колев рече дека гласовите кои ги освоила ГДУ заедно со Стевче Стевоски, Мена и неважечките ливчиња се доаѓа дека реално една четвртина од граѓаните на Охрид не гласале за СДСМ или ВМРО ДПМНЕ, што јасно покажува каде се движи расположението на народот.

СДСМ И ВМРО ДПМНЕ Колев ги окарактеризира како „криминално корпоративни структури“ кои не сакаат да го променат изборниот модел.

Колев рече дека бројот на пратеници треба да се намали од 120 на 60, за да се намалат трошоците и да се намали бројот на луѓе како Мира попозната под псевдонимот Дизел кои одат во политика за да си ја вработат фамилијата и да земаат патни трошоци.

ВИДЕО

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close