(ФОТО) Мадуро или Гуаидо? Народот нема што да јаде, хиперинфлацијата го направи своето

Рим со вето го блокирал соопштението на ЕУ дека го признава Хуан Гуаидо како привремен лидер на Венецуела ако претседателот Николас Мадуро одби да распише предвремени избори. Велика Британија, Шпанија, Франција и Шведска денеска го признаа шефот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо, како вршител на должноста лидер, откако претседателот Николас Мадуро пркосно го отфрли […]

The post (ФОТО) Мадуро или Гуаидо? Народот нема што да јаде, хиперинфлацијата го направи своето appeared first on Скопје1.мк.

Рим со вето го блокирал соопштението на ЕУ дека го признава Хуан Гуаидо како привремен лидер на Венецуела ако претседателот Николас Мадуро одби да распише предвремени избори.

Велика Британија, Шпанија, Франција и Шведска денеска го признаа шефот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо, како вршител на должноста лидер, откако претседателот Николас Мадуро пркосно го отфрли ултиматумот од европските земји да свика предвремени избори.

Мадуро брзо го отфрли крајниот рок, велејќи: „Никој нам не може да ни поставува ултиматум“.

САД и уште неколку земји од Латинска Америка плус Албанија веќе застанаа на страната на опозицијата.

Друга група земји, пак, меѓу кои и Русија, Иран, Турција, Куба, Боливија и Никарагва, го поддржаа претседателот Мадуро.

Инаку додека светските сили се препукуват кој ќе ја води Венецуела, народот нема што да јади. Во многу супермаркети во Венецуела, имено полиците веќе подолго време се празни. Речиси и да нема никакви производи. А дури и кога има прехранбени или други производи за секојдневни потреби, повеќето Венецуеланци не можат да си ги дозволат, поради хиперинфлацијата во земјата. Еден килограм риба во моментов чини двојно повеќе од просечната месечна плата. Прехранбени производи на населението му распределува власта. Пакетите го содржат само основното: има ориз, леќа и масло.

Фото: www.dw.com

The post (ФОТО) Мадуро или Гуаидо? Народот нема што да јаде, хиперинфлацијата го направи своето appeared first on Скопје1.мк.

Close