Од „У ку.ац ќе фатиме“ до градоначалник на Охрид

Константин Гергиески стана нов градоначалник на Охрид од како во вториот круг извојува победа со 3.908 гласови разлика.

Во политиката прв пат влезе на изборите 2017 година кога беше носител на листата за советници на СДСМ во Охрид. На тие избори СДСМ победи на ефектот од „бомбите“ чии „ударни бранови“ полниот ефект врз ВМРО ДПМНЕ го дадоа токму тогаш.

Уште тогаш на тие избори Константин не остана „незапазен“ од јавноста и го предизвика можеби најголемиот вербален скандал во јавноста и тоа на среде кампања, кога на Фејсбук напиша неколку поста полни со вулгарни зборови. Тогаш во Охрид многумина во ова видоа бунтовник, искрен човек кој кажал нешто што сите го мислат и ваквиот гест иако спротивно на науката и праксата, се покажа дека во Охрид ги собра симпатиите на јавноста.

Ова негово јавно општење експресно се појави на „Охрид 1“ под наслов: Сочните коментари на носителот на листа од СДСМ Охрид – У КУ..Ц СИВЕ ДА ФАТИМЕ НАЈУБО

И покрај тоа што неговиот прв пост со вулгарности веќе беше објавен на „Охрид 1“ , тоа не го сопре и тој продолжи со вулгарностите и натаму па на нашиот портал уследи уследи нова вест со наслов :

„Носителот на СДСМ продолжи : Јебе..иот банер, к..р ме бре боли , ако имаме кеш“

По ова уследила жестока реакција на пиар стратезите од Скопје, но бидејќи „големите пиар умови“ во Скопје никогаш не го научија Охрид, и покрај ова тој на изборите за Совет победи и го прегази ВМРО ДПМНЕ.

МАНДАТОТ ВО СОВЕТОТ ГО ОДБЕЛЕЖА ПРЕЗЕМАЊЕТО НА ТОВАРОТ НА ЈАВНОСТА И БЛИСКИТЕ ОДНОСИ СО ВМРО ДПМНЕ

Константин Георгиевски во периодот по изборот го презеде целиот товар на работата на мнозинството во Советот пред јавноста. Тој беше единствен советник кој ги образлагаше одлуките на мнозинството пред медиумите, ( бидејќи појавувањето на другите советници по некое непишано правило наликуваше на скандал ) , а во последните неколку месеци од животот на неговиот претходник, тој во медиумите го имаше целото внимание и се појавуваше секаде како заменик градоначалник ( бидејќи ако се погледнат архивите неговиот претходник скоро и да не излегуваше на настани и во јавноста ).

Во тој период од јули 2018 Константин сам изгради односи и со медиумите ( кои официјалната ПР служба на Локалната и лицата одговорни за тоа ги урнисуваа секојдневно ).

Георгиески изгради и блиски односи со експонентите на ВМРО ДПМНЕ и се претвори во некој вид спона и мост меѓу градската власт и опозицијата.

ВИДЕО ОД ПРВОТО ОБРАЌАЊЕ НА КОНСТАНТИН КАКО СОВЕТНИК И НЕГОВИТЕ ПОМАЛКУ ДРСКИ И ОТСЕЧНИ ОДГОВОРИ НА НОВИНАРСКИТЕ ПРАШАЊА:

ПОЧЕТОК НА ПРИВРЕМЕНАТА ВЛАСТ И РАЗДОЛЖУВАЊЕТО НА ОХРИД

По ненадејната смрт на неговиот претходник Константин стана в.д. прв човек на Охрид. Функцијата ја вршеше одговорно , онолку колку што е можно со кадрите со кои располага во општината, а кои се трупани од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ низ годините претходно.

За време на вршењето на функцијата привремен градоначалник не се случи ни една сериозно финансиска афера или скандал, а во овој т.н. случаен мандат се случи и раздолжувањето на Охрид кое со сигурност може да се каже дека даде ефект и врз победата.

ОЦРНУВАН ВО МЕДИУМСКА СПЕЦИЈАЛНА ВОЈНА

Во изборите Константин Георгиевски се најде на организиран удар и систематско оцрнување од група медиуми создадени и финансирани од ВМРО ДПМНЕ кои поведоа медиумска кампања со напади, обвинувања, конструкции и лажни вести кои доколку се погледне во архивите на изборните црнила може да се заклучи дека во избори до сега не се водела црна кампања со толкав број објавени т.н. „црни вести“ за некој кандидат во Охрид. Ефектот од ова беше речиси никаков бидејќи исто како тие од СДСМ, и вмровските пиар стратези од Скопје не ја знаат охридската субкултура и локалната јавност во Охрид за нив е непознаница, па специјалната војна на крај остана како уште една финансиски пропадната инвестиција на ВМРО ДПМНЕ во медиумите.

РАДИКАЛНИ ПРОМЕНИ И ГОЛЕМИ КАДРОВСКИ ИЗНЕНАДУВАЊА

Константин подготвува големи кадровски изненадувања. Како што дознава „Охрид 1“ тој наскоро ќе направи неколку големи промени во кабинетот и раководната структура која го опкружува, а според она што го имаме како информација некои од промените најверојатно ќе предизвикаат и шок во јавноста.

Останува по почекаме од утре да ги видиме првите потези на избраниот градоначалник, бидејќи како што го почнавме овој текст со искрените јавни испади така и ќе го завршиме.

На денот на победата Констнатин рече дека нема да почне да работи од денес туку од среда, а денес ќе се одморел.

Среда е веќе задутре, па очекуваме да „видиме каде ќе фатиме од утре“ што ново ќе ни приреди помалку шокантниот но пред се искрен и свој Константин Георгиески.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close