Aнтарктик: Откриени остатоци од роднини на диносаурусите

Американски и јужноафрикански научници открија фосил на ран роднина на диносаурусите, кој живеел во Антарктикот пред 250 милиони години, пренесуваат агенциите.

Фосилот е ран роднина на крокодилите и диносаурусите. Изгледа како гуштер, но е еден од првите претставници на оваа голема група. Тој покажува како еволуирале диносаурусите и нивните блиски сродници и како се ширеле.

Името на новоопишаниот вид – Antarctanax shackletoni значи “Антарктски крал”. Неговите претставници се хранеле со инсекти, рани цицачи и водоземци.

“Колку повеќе учиме за Праисториот Антарктик, толку почуден изгледа”, рече шефот на тимот Брендон Пикук од музејот “Филд” во Чикаго.

Пред 250 милиони години Антарктикот бил покриена со шуми и реки, а температурата ретко е паѓала под нулата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close