Променливо облачно време, на планините снег

Во Република Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време, а од изутрина прво во западните делови и потоа на југот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег со послаб интензитет.

Ќе дува слаб до умерен ветер кој во текот на денот ќе се менува од јужен во североисточен.

Утринската температура ќе се движи во интервалот од два до девет степени Целзиусови, а дневната максимална ќе достигне до 15 степени.

Во Скопје слично време. Утринска температура ќе изнесува три степени, а дневната ќе достигне до 10 степени Целзиусови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close