СДСМ објави видео за препишана програма, Митре повикува на љубов и јавен дуел

На официјалната страна на СДСМ Охрид денес се појави видео материјал, на кој се прикажани обраќања на сегашниот кандидат на ВМРО ДПМНЕ Митре Милошески кој чита идентични реченици со претходниот кандидат на партијата Митко Тилев, на прес конференција која се одржала во 2017 година.

ВИДЕО:

Претходно кандидатот на СДСМ Константин Георгиески јавно на прес конференција праша дали неговиот противкандидат Митре Милошески можеби има изградено дивоградба за која има и кривична пријава ? На ова прашање ни една од институциите до овој момент нека дадено јавно одговор, а нема дадено одговор ни кандидатот Митре Милошески.

КАМПАЊАТА ЕСКАЛИРА 

Деновиве во серијал на неколку скопски портали и еден охридски портал тече своевидна кампања за оцрнување на кандидатот Константин Георгиевски, додека на други медиуми тече црна кампања против Митре Милошески.

МИЛОШЕСКИ ПОВИКА НА ДЕБАТА ПРЕД ГРАЃАНИТЕ

На Фејсбук во меѓувреме Митре Милошески напиша

– Упатувам порака до мојот почитуван колега Константин Георгиески. Во моето срце има љубов за сите. Чесните граѓани се мнозинство, а нечесните пазарења се удираат од глава и од тоа нема спас. Почитуван колега, одважете се на дуел пред граѓаните да ги расчистите сите криминали, но и да објаснете зошто не е решен ниту еден проблем на охриѓани за една година и половина локална власт, објави Милошевски на неговиот официјален профил на Facebook.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close