(ВИДЕО-ИНТЕРВЈУ) Милошески: Ѓаволот ќе дојде по своето, нема место за нечесни пазарења

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошески, во интервју за „Скопје 1“ ги повика сите чесни граѓани да гласаат за него, но не и оние кои сакаат со него да се договараат за да ги поддржи во нелегалните работи кои сакаат да бидат спроведени.

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Митре Милошески, во интервју за „Скопје 1“ ги повика сите чесни граѓани да гласаат за него, но не и оние кои сакаат со него да се договараат за да ги поддржи во нелегалните работи кои сакаат да бидат спроведени.

„Оние кои планираат да се договараат, што мислат да се пазарат со нелегални објекти, но и со доградби, изградби, преградби, за такви во мојот воз нема место. Има место за чесните граѓани, кои се мнозинство. Знам дека ќе го увидат мојот став, мојата програма. Затоа ги повиквам сите чесни граѓани да излезат и да гласаат за број пет. Сите пазарења кои не се нечесни, ќе ни се удрат од глава. Тука нема спас. Нашиот народ вели дека ѓаволот кога тогаш, ќе си дојде по своето“, вели Милошески.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е дециден дека нема намера да лаже, а следниот градоначалник ќе треба да ги носи последиците кои ги направил претходните градоначалници. Милошески вели дека охриѓани немаат големи барања, тие сакаат чист град, чиста вода, добри комунални услуги, да нема дупки по патиштата, но бараат и да се вработат.

„Основни егзистенцијални проблеми доминираат. Никој од граѓаните со кои разговарав немаше некој крупен проект. Никој не бараше марина во градот, ски-центар на Галичица. Според ова, излегува дека ние не им го даваме ниту тоа малку што го бараат“, додава Милошески.

Тој смета дека две години се малку за крупни проекти. Милошески тврди дека тој доколку биде избран за градоначалник, ќе ги започне процедурите за сите големи проекти, ќе ги почне проектите, но поради краткото време нема да може да ги заврши.

„Кејот е во никаква фаза. Ние за две години не можеме да испорачаме кеј. Ние ќе дадеме се од себе дека работиме чесно и посветено. Ќе има отворен терен следниот градоначалник да продолжи веднаш со работа. Има и проекти кои одма ќе ги реализираме. Пред се мислам на проектот за бесплатна исхрана на учениците од 1-5 одделение, оти гледаме дека брзата храна прави проблеми кај младите. Понатаму, проектот за админситрацијата да биде функционална. Граѓаните, ќе имаат увид до каде е постапката за неговиот предмет. Најпросто кажано, кога се чека ред, првиот плаќа прв, вториот втор. Не може некој со број седум, да заврши пред број пет“, тврди Милошески.

Милошески најавува и стратегија за развој на градот, вработување на охриѓани преку стратегија, но и туристички развој.

Татјана Караџова-Маленкова

Целото интервју видете го во продолжение:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close