Премиерот Заев утре во посета на Бугарија

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев утре ќе престојува во Република Бугарија, каде ќе се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Двајцата премиери, како што соопштуваат од владината прес-служба, ќе разговараат за соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Во делегацијата ќе бидат и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.

Програмата започнува со заедничко положување на венец пред спомен-бистата на Гоце Делчев во градскиот парк „Борисова градина“ по повод 147-годишнината на неговото раѓање. Венците ќе ги положат министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми и министерот за култура на Република Бугарија Боил Баново.

За време на посетата министрите за култура на двете земји, Боил Баново и Асаф Адеми ќе потпишат „Програма за соработка во областа на културата“ меѓу Република Бугарија и Република Македонија.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close