Нивото на Охридското Езеро – 13 сантиметри над нултата кота

Како што информираат од хидролошкото одделени при Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро деновиве е 13 сантиметри над нултата кота и се наоѓа на 693,30 метри надморска висина. Месечниот просек за февруари е 693,41 метри надморска висина.

Хидролозите велат дека во следниот период се очекува дополнително зголемување на нивото на водата поради топењето на снегот и новите врнежи од дожд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close