Горан Симоноски ќе биде нов директор на Дом на култура

Горан Симоноски ( претседател на ЛДП Охрид ) ќе биде новиот директор на Дом на култура Григор Прличев во Охрид – дознава Охрид1 од свои извори во кабинетот на министерот за култура
Асаф Адеми .

Како што не брифираат нашите извори од кабинетот на министерот , за таа цел изменет е и статутот на Дом на култура и на конкурсот за директор кој е веќе распишан се бара кадар со образование од хуманистички науки.

Измената на статутот ја потпишал Васко Паскали, кој е директор на ЈП „Галичица“ и е претседател на Управен Одбор на „Дом на култура Григор Прличев“ во Охрид.

Конкурсот овој пат трае само 5 дена, за разлика од претходно кога конкурсите траеја по 15 дена.

Претходно од како на неколку конкурси министерството не ја прифаќаше кандидатурата на Стрезо Стаматоски за директор на институцијата беше назначен Зоран Пејкоски кој е член на Комисија за култура на ВМРО ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close