Петкоска: Ги повикуваме сите еколошки друштва и здруженија кои беа многу гласни со грижата за езерото, да се разбудат од зимскиот сон

Продолжува праксата на неодговорно однесување на локалната администрација која се обидува преку Советот да протурка штетни и непримерни одлуки, обвини на прес-конференција Лидија Петкоска, советник во општина Охрид и претседателка на УЖ.

Таа истакна дека една од точките на дневниот ред е легализацијата на седум бесправно изградени објекти во кампот Градиште.

Во продолжение пресс конференцијата на петкоска во целост:

Имајќи предвид дека откакo „дојде животот” и „цвета” слободата на информирање многупати останувате неинформирани за значајни случувања во градот, а кои се однесуваат токму на нас жителите на оваа оптштина, во пресрет на следната седница на Советот на општина Охрид би сакале да ви предочиме неколку значајни информации.Продолжува праксата на неодговорно однесување на локалната администрација која се обидува преку Советот да протурка штетни и непримерни одлуки. Имено, на следнта седница една од точките на дневен ред е и Предлог-програмата од област на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид. За помалку информираните, покрај другото, со таа одлука се определуваат и цените на парцели кои се предмет на издавање под краткотраен закуп по пат на јавно наддавање или непосредна спогодба-плажи.Само пред 10 месеци на предлог на господинот Константин Георгиевски како тогашен координатор на советничката група на СДСМ, заедно со нашата советничка група беа усогласени и изгласани почетни цени за надавање кои сметавме дека се реални и во согласност со пазарот.

Сега, игнорирајќи ја оваа одлука во потполност, како никогаш да не била донесена се предлагаат износи и повеќе од двапати пониски од претходно донесените, без ниту еден збор образложение. Ова можело да се случи само како резултат на намера, или пак на крајно неодговорно однесување на администрацијата. И во двата случаи некој треба да понесе одговорност.Сакаме да напоменеме дека градот, односно сите ние, веќе трпиме штети заради несклучените досега договори за закуп, а корисниците и натаму ги користат без никаква закупнина. И додека постапката која е започната е заглавена во лавиринтите на Iослободената и најправна државa од било кога досега” истата покажува неверојатна агилност во други случаи. Па така, една од точките на дневен ред е легализација на 7 бесправно изградени објекти во кампот Градиште. Замислете, во најзаштитениот појас, во непосредна близина на езерото, експресно државата и нејзините институции ги издале сите потребни согласности за овие легализации. Повторуваме, во кампот Градиште, веднаш до еден од најубавите езерски брегови воопшто во светот, на едно од најстарите езера во Европа не било никаков проблем да се легализираат бесправно изградени објекти.

Ги повикуваме сите еколошки друштва и граѓански здруженија кои до неодамна беа многу гласни со својата грижа за езерото, да се разбудат од зимскиот сон и да продолжат и да се грижат и да се борат за зачувување на езерото. Во спротивно ќе сметаме дека нивните претходни активности биле водени од сомнителни мотиви, истана Петкоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close