Хотелот Tulemar во Костарика е најдобар ресорт на светот!

Хотелот што ќе го одберете за вашиот одмор може да го направи одморот фантастичен или ужасен …

Но, за наша среќа, интернетот е полн со информации за сите хотели во светот, како и топ листата на првите десет, најдобрите во секоја категорија. TripAdvisor тукушто ги претстави победниците на нивните Travelers Choice  награди.

Оваа листа се наоѓаат се што е најдобро во светот на патувањето, вклучувајќи ги дестинациите, рестораните и хотелите. Оваа година, на врвот на листата на најдобрите хотели се најде хотелот Tulemar во Костарика, кој беше прогласен за најдобар ресорт на светот.

Ресортот е исполнет со бројни уникатни елементи, вклучувајќи пристап до приватна плажа и близината на центарот за рехабилитација. Според податоците кои ги пронајдовме на сајтот, секоја бунгалов што може да се изнајмува, може да прими до четири лица, што значи дека тие се идеални за мали семејства.

Вила Mirazul е опишана како уметничко дело, а нуди четири поврзани апартмани со прекрасен поглед на природата, додека три одделни апартмани ја сочинуваат вилата Casa de Frutas, која е омилена кај познати личности.

За разлика од многу други дестинации во светот, Tulemar поседува приватна плажа веднаш до прашумата и ви нуди лежалки ако сакате да се релаксирате на брегот. За оние кои сакаат поактивен одмор, овој хотел нуди опции за кајак и boogie board.

Меѓутоа, ако ви кажеме дека овој хотел има базени лоцирани во џунглата, најверојатно ќе претпочитате да се одлучите за нив. Еден од базените овозможува пристап само на возрасните.

Ако не сакате одмор во приватен бунгалов, на располагање ви се вилите, двокатни, совршени за парови или соло патници. На територијата на ова одморалиште постојат три “Bamboo” вили, кои содржат приватен базен, два дождливи туша и нудат поглед на џунглата и океанот.

SolAngelo е најголемата вила на ова одморалиште, нудејќи доволно простор за четиринаесет патници, а ќе биде отворена од 23 март оваа година. Вилата ќе вклучува приватен базен, платформа за јога, лифт и поглед кон џунглата.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close