Генералки на улиците ,,Кленоец” и ,,Радојца Новичиќ” и активности за подигање на паднатите лисја

Генералки на улиците ,,Кленоец” и ,,Радојца Новичиќ” и активности за подигање на паднатите лисја
-Екипите на „Јавна хигиена” спроведоа активности за генерално расчистување на улиците „Кленоец” и „Радојца Новичиќ”. Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите и граничниците од коловозот. Отстранета е ниска и дива вегетација и подигнат е расфрланиот отпад, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Градоначалникот во објавата додава:

-Во изминативе есенски денови интензивно се спроведуваат активности за подигање на паднатите лисја од јавните површини како во централното подрачје, така и во периферните делови од градот. Подигнатите лисја се транспортираат до расадникот на ЈП „Охридски Комуналец”каде понатака се користат во процесот на компостирање.

Close