Како ќе изгледа “Македонски просветители” со новиот лик ?!

Започна со изградба на булеварот „Макеоднски просветители“. Според планот на истиот се предвидуваат:

  • две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни,
  • велосипедскa патекa,
  • нова атмосферска канaлизација,
  • ново улично осветлување,
  • возните ленти и такси паркингот ќе бидат изведени од гранитни камени коцки со димензии 10/10/10см, оградени со камени гранитни рабници.
  • тротоарите ќе бидат изведени од гранитни камени плочи со димензии 33/33/3см
  • велосипедската лента ќе биде со гранитни камени коцки со димензии  5/5/8см.
  • во должина на улицата планирано е изведување на среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед, од двете страни.

 

Инаку градежните работи на булеварот „Макеоднски просветители“ започнаа пред неколку денови. На почетокот на истите градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека документациски  проектот бил завршен изминатиот период, а во моментов  ќе се тендерираат уште две работи кои не беа завршени по однос на документација.

„Бидејќи проектот ќе биде со рок на изведба од околу шест месеци тековно ќе го средиме и самиот тендер за осветлување и така ќе имаме комплетно булеварско решение со двосмерна велосипедска патека, две пешачки патеки и две коловозни ленти“, истакна градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Градоначалникот додаде дека паркингот ќе е биде префрлен од другата страна и паркирањето ќе биде косо под агол од 45 степени, големината на улицата ќе биде иста, само ќе биде на друг начин организирана.

Close