Дел од директорите на училиштата ја слушаат Жаклина, дел одамна се во „Охрид пред се“ ? !

Дел од директорите на училиштата во Охрид дејствуваат како политилчки активисти на независната листа „ Охрид пред се “ и уште пред изборите почнале да работат за оваа своевидна фракција на СДСМ, која влезе во Советот на општината, стана дел од мнозинството, а се поизвесно е дека течат активности за правење на партија.

 

„Жаклина Лазареска можеби наредувала на други но не на сите, дел од директорите се на наша страна и тие работеа со нас во изборите. Тоа се интелектуалци, свесни луѓе и тие ќе останат со нас и на функциите и ќе продолжат да работат за доброто на Охрид, но не под дикатот на Жаклина Лазареска која нема влијание врз нив.

 

Стоиме отворени да ги примиме и другите директори во нашите редови“ – велат за „Охрид 1“ од „Охрид пред се“. од каде додаваат дека не им е јасно зошто дел од директорите „се инаетат“ контра волјата на народот и за ќеф на пратеничката.

 

„Охрид 1“ го исконтактира и ВМРО ДПМНЕ од каде кратко одговорија: „Во моментов немаме коментар“

Close