Поранешниот хармоникаш на Три Бенд стана директор на РЕК Битола

  • Oткако беше разрешен досегашниот директор на РЕК, Златко Ќурчиевски, за в.д. директор на РЕК Битола е назначен Пеце Матевски.
  • Матевски на оваа позиција доаѓа од местото директор на Термоелектрана, а пред тоа има музичка кариера со неколку бендови.
  • Како хармоникаш тој е дел од Три бенд, со кој ги има редовните музички ангажмани: слави, свадби, крштевки и општо свирки во ресторани.
  • Од образование в.д.-то на РЕК-от има и магистратура која ја добива со темата „Потребни карактеристики и вештини на менаџерите за продажба на брендирани производи“.

извор/фото: off.net.mk

Close