Бајден со сопругата служеа оброци во пресрет на Денот на благодарноста

Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил пакуваа оброци со мисирка и слатки компири во Централната кујна на ДЦ, организација која обезбедува храна за училиштата и засолништата за бездомници во Вашингтон, пред овонеделниот празник Денот на благодарноста.

На првата дама и се придружија потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф, кои служеа боранија и сос.

Американците утре го слават Денот на благодарноста со традиционален оброк кој често вклучува мисирка, сос и пире од компири.

По општествено корисната работа, Џо и Џил Бајден се упатија кон Масачусетс, каде треба да го поминат својот одмор до крајот на неделата.

 

извор/фото: агенции

Close