Заев побарал извинување од Арсовски, тој вели – Немам намера да се извинам, единствен кој треба да се извини на граѓаните е Зоран Заев

Денеска ми стигна и барање за извинување за моја прес конференција ЛИЧНО од Зоран Заев, не од неговата партија или од Влада, туку лично од него преку негов полномошник-адвокат.
Очигледно Заев е малку нервозен што многу набрзо нема да има ниту една привилегија од тие што ги имаше изминативе години, напиша на својот ФБ профил портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Арсовски во објавата појаснува дека на прес-конференцијата навел дека има склоност кон криминал, претрпел еден од најголемите порази од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со над 100.000 разлика, дека ја опљачка државава, дека никој не одговараше за 14 изгорени луѓе во тетовската болница и дека функционира како шеф на нарко картел кој шверцува дрога со државни ресурси
И да, стојам позади ова што го кажав и ниту една тужба нема да ги смени овие особини на Зоран Заев

П.С. Немам намера да се извинам, единствен кој треба да се извини на граѓаните и Република Македонија во чие име говорам е Зоран Заев и неговата клика околу него.
Се гледаме на Суд, се надевам ќе има храброст барем малку, да дојде ЛИЧНО, бидејќи лично ќе ме тужи, да се соочиме пред Судот и граѓаните и да му ги покажам сите криминални активности што му се припишуваат нему како премиер на оваа Влада, напиша Арсовски на ФБ и додаде:
Во прилог прес-конференцијата што го “заболела” Зоран Заев, погледнете ја уште еднаш:

Close