Сообраќајна несреќа кај Рача, еден повреден

На осумнаесетти април оваа година во 11 часот и 50 минути, на регионалниот пат Охрид-св.Наум, во близина на населба Рача, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „Голф“ со охридски регистарски ознаки управувано од Р.М.(27) од Демир Хисар и велосипед управуван од А.Т.(77) од Рача.

Тој, со возило на Итна медицинска помош е пренесен и задржан на лекување во Општата болница во Охрид.

На местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close