(ВИДЕО) Мицкоски: Ако кажеме дека има многу криминал во работата на бившата локална власт нема да ве изненадиме, ние ќе се фокусираме да ја санираме колку е можно состојбата и да го направиме ветеното

За нас е важно, ветувањата кои ги дадовме пред охриѓани, но и пред граѓаните на Македонија да ги реализираме и исполниме, да создадеме нова иднина што беше и нашата главна порака на овие избори, да покажеме дека не се сите исти затоа што на народот им е преку глава од поделби и неуспеси. Народот сака да види резултати и конечно да види реализација и исполнување на ветеното. Тоа нас не прави различни од нашиот политички противник, од оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ. Ќе се обидеме на локални ново да покажеме дека можело поинаку и дека можеме сите заедно да работиме чесно и да ги исполниме очекувањата на граѓаните во рамките на можностите, истакна од Охрид, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски додаде, дека локалната власт нема да се жали колку е тешко, и дека ќе го исполнат она што го ветија пред граѓаните.

„ Ако оваа општина била добра, тогаш сигурно граѓаните немало довербата да ја дадат на друга партија, ќе им ја дадеа на нашите претходници. Ако кажеме дека има многу криминал нема да ве изненадиме, тоа го знаат охриѓани. Ние ќе се фокусираме да ја санираме колку е можно состојбата и ќе се фокусираме на испорака на она што е ветено“, истакна Мицкоски.

Close