(ЖИВО) Пецаков: За шест месеци ќе биде комплетно реконстриурана „Македонски просветители“

Денеска започнуваме со изградба на булеварот „Макеоднски просветители“, кој документационо беше завршен изминатиот период, а во моментов ќе тендерираме уште две работи кои не беа завршени по однос на документација и бидејќи проектот ќе биде со рок на изведба од околу шест месеци тековно ќе го средиме и самиот тендер за осветлување и така ќе имаме комплетно булеварско решение со двосмерна велосипедска патека, две пешачки патеки и две коловозни ленти, истакна градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Градоначалникот додаде дека паркингот ќе е биде префрлен од другата страна и паркирањето ќе биде косо под агол од 45 степени, големината на улицата ќе биде иста, само ќе биде на друг начин организирана.

Close