Денеска во Охрид 10 новозаболени, едно починато и три оздравени лица

Во последните 24 часа како последица од компликации од ковид-19 починале 11 пациенти, но и уште едно лице кое подоцна било заведено во регистерот на умрени лица. Најмладиот пациент кој ја загубил битката со болеста имал 33 години. Од направени 3.859 тестирања регистрирани се уште 449 новозаразени лица со вирусот, а како оздравени се запишани 317 лица.

Позитивни тестови на тестирани лица се пријавени во:

Скопје – 195, Битола – 47, Прилеп – 19, Кавадарци – 18,Берово – 17, Куманово – 16, Кочани – 15, Велес и Штип – по 13, Гевгелија – 12, Делчево – 11, Охрид – 10, Струмица – 8, Неготино – 7, Валандово – 6, Тетово, Радовиш и Ресен – по 5, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 4, Кичево и Богданци – по 3, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 317 оздравени пациенти од: Скопје – 125,Берово – 26, Кавадарци – 24, Велес – 19, Битола – 15, Прилеп – 13, Штип и Гевгелија – по 10, Неготино и Кратово – по 9, Кочани – 8, Валандово и Тетово – по 6, Крива Паланка, Куманово и Струга – по 5, Струмица, Богданци и Пехчево – по 4, Делчево и Охрид – по 3, Крушево – 2, Пробиштип и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 4 починати лица од Скопје (69г, 76г, 81г и 89г), Прилеп – 2 (65г и 82г), и по едно починато лице од Тетово (74г), Битола (72г), Охрид (33г), Виница (66г), и Демир Хисар (81г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови. Во однос на 33 годишното починато лице, било со дијагноза дијабет тип 2, и истото не земало соодветна терапија. Примено е во болница во тешка состојба, велат од Министерството за здравство.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од МојТермин, е пријавено едно починато лице со датум на смрт од 16.11.2021. Лицето е од Кавадарци и е починато во домашни услови.

Направени се 3.859 тестови преку: ИЈЗ-267, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-88, ЦЈЗ Прилеп-33, ЦЈЗ Тетово–43, ЦЈЗ Куманово-53, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –1,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–154,Жан Митрев (Филип Втори)-71, Авицена-165, Биотек-262, Систина-68, лабораторија Лаор-181, Синлаб-23, Ремедика-12, Плодност–80, Генеа-9, Никоб лаб-274, ВФВ Медикал-63, Ели Медика-61, Ројал Медика–31, Спектра-ММ-9, Рапид Лаб – 5, Жан Митрев Струмица – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.842.

Досега во земјата се направени вкупно 1.446.403 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.831,бројот на оздравени пациенти е 195.941, на починати е 7.418, а бројот на активни случаи изнесува 8.472..472

Close