Земјотрес од пет степени во Азербејџан

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала денеска го погоди североисточен Азербејџан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 223 километри и на оддалеченост од 10 километри од населбата Алтуагај, каде живеат околу 1.000 луѓе, пренесува агенцијата ТАСС.

Нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.

 

извор/фото: агенции

Close