(ВИДЕО) Пратеничката Петкоска: Ве поздрави градоначалникот Кирил Пецаков кого уште долго ќе го сонувате

Пратениците расправаат за предлог буџетот за 2022 год. Во однос на туризмот средствата се премали, вели Лидија Петкоска пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

„Клучниот момент во однос на туризмот е дека треба сите да се преиспитаме и да сфатиме дека средствата што се доделуваат за туристичка промоција се премали за туризмот да заживее. Верувајте туристичкиот сектор се соочува со оромни загуби. Ова е констатација од релевантни институции кои се загрижени за туристичкиот развој на оваа држава. Факт за негрижата за туризмот и туристичкиот развој е победата на локалните избори во Охрид и Ресен поради состојбата со Езерата на кои очекуваме туристи. Депонии на сите страни, градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ од како се седнати неможат да ги дочистат, а ги чистат секој ден. За патниот правец Кичево Охрид жал ми е и да зборувам. Од образование доаѓате очекував дека ќе ми дадете одговор што се планира со универзитетот во Охрид? Се сеќавам на вашето пратеничко прашање до Мила Царовска кое гласеше: Што ќе биде со студентите?

Писмениот одговор како пратеник се заинтересирав го прочитав и во него беше наведено дека студентите ќе се префрлат во Скопје. Добро ете нека се префрлат, но што ќе биде со судбината со вработените? Или не ве боли или не сте заинтересирани. Жално е некој да отвора факултети други да затвора. Некој да гради, а друг да неможе да го заврши она што претходникот го изградил.И јас би се гордеела доколку се завршеја сите проекти кои ВМРО ДПМНЕ го започна. И автопатот беше започнат од наша страна и никако да се заврши. Ако ние имавме грешки, дајте вие имавме 4 години да ги исправите и да се направи еднаш овој автопат, истакна пратеничката од Охрид Петкоска.

Таа на крајот додаде:

На крај би сакала да се изразам во ваш стил:

„Ве поздрави градоначалникот Кирил Пецаков кого уште долго ќе го сонувате и спомнувате во наредниве 4 а богами и 8 години. Ова го истакнав чисто да ве потсетам на една од репликите од претходните ребаланси и да се препознаете во овие мои зборови и се радувам што Кирил Пецаков е градоначалник на Охрид“.

 

 

Close