Кризниот штаб во Србија ќе предложи зимски распуст за учениците да почне од 15 декември

Српскиот епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ, член на Кризниот штаб за справување со пандемијата наметната од коронавирусот, порача дека ќе предложи зимскиот училишен распуст наместо на 31 декември да почне на 15 декември, за да се покрие празничниот период, вклучително и Новата година според грегоријанскиот календар.

-Ова би вклучило празничен период за верниците кои слават според католичкиот календар. Католичкиот Божиќ е пред Нова година, тогаш веројатно ќе имаме наши луѓе кои живеат и работат во Западна Европа, а ќе дојдат кај нас во тоа време. Поради тоа распустот би траел до православен Божик или српска Нова година, изјави Тиодоровиќ за Нова.

Според него, втората можност е распустот да почне малку подоцна, пред Нова година, за да се опфати тој празничен период. Според тоа сценарио, првиот работен ден би бил по православниот Божиќ. Тој напомена дека третата можност е луѓето од образованието да дадат мислење за распусотт и времетраењето на полугодието.

 

извор/фото: агенции

Close