Аврамоска: Свечената изјава ја потпишав како Република Македонија, „Северна“ ја избришав со коректор

„Ние влеговме во мнозинствот на советот, затоа што во предизборната кампања имавме исти наратив. Ние се залагаме за враќање на дигнитетот на советот и се обврзавме дека ќе работиме, само и само во интерс на граѓаните. Ова беше појдовна основа да влезиме во мнозинството. Но, ова мнозинство не значи и коалиција, бидејќи ние како Левица си го задржуваме правото доколку не се согласуваме со било кој предлог од било која партија, си го задржуваме правото да се изјасниме според нашата програма, затоа што Левица прави коалиција само со народо“, истакна Виолета Аврамоска советник од Левица во советот на Општина Охрид.

Аврамоска вели дека изјавата за советник ја потпишала со името Република Македонија, така што со коректор ја избришала придавката Северна со коректор.

„Изјавата ја потпишав како Република Македонија, „Северна“ го избришав со коректор. Тоа е моја лична изјава. Јас мандат имам добиено само од граѓаните и никој друг. Законот за локална самоуправа не им е усогласен со уставот, што е нивни проблем. Јас работам според законот за локална самоуправа, каде секаде стои Република Македонија. Ако некој има проблем со тоа, може да си поднесе иницијатива до уставниот суд, да се испита уставноста на тој закон и нека си направат промена. Ние како советници не сме надлежни да дискутираме ни за устав ни за закон“, истана Аврамоска.

Close