(ВИДЕО) Верификуван мандатот на Нефи Усеини, не открива како ќе делува во советот

Советникот Нефи Усеини се појави на седница. На денешната трета седница му беше верификуван мандатот.

Усеини вели дека ДУИ имаат двајца советници во советот и треба да одлучат како ќе делуваат на локално ниво. Тој додава дека не се ни СДСМ и ВМРО ДПМНЕ туку се ДУИ и затоа партијата ќе одлучи како ќе делуваат.

Што се однесува до најавената оставка, Усеини рече дека исто така и за тоа ќе се одлучува во партијата.

На денешната седница советникот Усеини беше седнат од страна на мнозинството на советот.

Инаку доколку Усеини поднесе оставка, ќе треба да ја извести Државната изборна комисија, која пак на негово место ќе го повика следниот кој што е на листата на ДУИ за Општина Охрид. Но засега како што предмалку истакна Усеини, тој останува во советот.

Close