Девет лица обесени на надвозник во Мексико

Според федералните податоци, само во првите девет месеци од годината Мексико имал повеќе од 25.000 убиства што е за 3,4 отсто помалку отколку во истиот период година дена претходно.

Телата на 10 мажи од кои на 9 виселе од надвозник, се откриени во мексиканската држава Закатекас во која брбите за територија на нарко- картелите се секојдневие .

Телата биле пронајдени на околу 550 километри северно од Мексико Сити , соопшти државната агенција за јавна безбедност, пренесува РТС.

Спротивставените нарко и тобако-картели се борат за контрола над таа држава , која е клучна транзитна точка за дрога, посебно на синтетичкиот лек фентанил кој понатаму се „растура“ спрема северот до границата со САД.

Картелите често, јавно ги прикажувале телата на убиените како би ги исмевале ривалите или властите и да го исплашат локалното население и полицијата.

Според федералните податоци, само во првите девет месеци од годината Мексико имал повеќе од 25.000 убиства што е за 3,4 отсто помалку отколку во истиот период година дена претходно.

извор/фото: агенции

Close