(ВИДЕО) Тинејџерка запалена во Бангладеш бидејќи пријавила професор за сексуално вознемирување!

Нусрат Јахан Рафи ја полеваат со керозин и ја палат во нејзиното школо во Бангладеш – затоа што пријавила сексуално малтретирање. Датумот е 6-ти април. Не пред 700 години. Пред помалку од две недели. Нејзината храброрст да зборува против сексуалната злоупотреба, нејзината смрт пет дена откако ја запалиле и сè што се случило во периодот […]

The post (ВИДЕО) Тинејџерка запалена во Бангладеш бидејќи пријавила професор за сексуално вознемирување! appeared first on Скопје1.мк.

Нусрат Јахан Рафи ја полеваат со керозин и ја палат во нејзиното школо во Бангладеш – затоа што пријавила сексуално малтретирање. Датумот е 6-ти април. Не пред 700 години. Пред помалку од две недели.

Нејзината храброрст да зборува против сексуалната злоупотреба, нејзината смрт пет дена откако ја запалиле и сè што се случило во периодот измеѓу, го потресуваат Бангладеш и во фокусот на вниманието ја ставаат ранливоста на жртвите на сексуално малтретирање во земјата.

Нусрат имала 19 години, живеела во Фени, мало гратче на околу 160 километри од Дака. Учела во исламско школо. На 27-ми март, според нејзиното сведочење, во канцеларија ја викнал директорот на школото и постојано ја допирал на неприкладен начин. Пред да ескалираат работите – избегала.

Многу девојчиња и млади жени во Бангладеш бираат да ги чуваат ваквите искуства во тајност од страв дека ќе ги осуди општеството или нивните семејства. За жал, излегува дека и со право. За разлика од останатите, Нусрат не само што решава дека ќе каже, туку оди и во полиција.

Во станица, наместо да добие чувство на безбедност и простор да каже што има, полицаецот ја снима со неговиот телефон, па ѝ кажува „големо чудо, де.” Подоцна видеото стигнува до социјалните мрежи.

На 27-ми март, откако била во полиција, го уапсиле директорот. Група луѓе се собрале на улица да бараат да се ослободи. Протестот го организирале двајца ученици (машки), а учествувале и локални политичари. Луѓето почнале да ја обвинуваат Нусрат. Семејството почнува да се грижи за нејзината безбедност

На 6-ти април, 11 дена после наводниот сексуален напад, Нусрат оди во школо да полага завршни тестови.

Брат ѝ раскажува дека сакал тој да ја однесе до школо и да ја внесе, но го спречиле.

Според нејзината изјава, една соученичка (значи соученичКА!!!) ја одвела до покривот на школото, со изговор дека некој нејзин другар го тепаат. Кога Нусрат стигнала до покривот, ја опколиле четири-пет луѓе, во бурки и ѝ вршеле притисок да ја повлече пријавата против директорот. Кога одбила, ја запалиле.
По нејзината смрт се одржаа протести во повеќе градови. Полицијата уапси 15 лица, а најмалку седум учествувале во убиството.

ИЗВОР: ОФФНЕТ

The post (ВИДЕО) Тинејџерка запалена во Бангладеш бидејќи пријавила професор за сексуално вознемирување! appeared first on Скопје1.мк.

Close