Милошевски најави изградба на 40 станови за млади брачни парови, Стипендии за талентирани студенти, средношколци и основци и социјални категории

Младите се нашата најголема вредност, нашата иднина. До мене гледам сила која е суштината по која сме различни од другите. Млади луѓе полни со енергија и ентузијазам. Во мене младите ќе имаат искрен пријател и поддржувач на се’ она што сакаат да го прават, истакна Митре Милошевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите заедно имаме знаење, сила и храброст за нови идеи, а имаме и моќ да ја насочуваме иднината во позитивна насока.
Грижата за младите луѓе претставува грижа за иднината и затоа со програмата За убав град за младите има низа проекти:
Изградба на 40 станови за млади брачни парови Стипендии за талентирани студенти, средношколци и основци, стипендирање на социјални категории на студенти, средношколци, основци
Целта на проектот е мотивација на најдобрите учиници, основци, средношколци и студенти да продложат во научното инвестирање. Со ваквиот тип на субвенционирање се вложува во домашниот буџет и се поттикнуваат децата на научен натпревар помеѓу себе.

Ангажирање на најдобрите студенти од најдефицитарните занимања како квалитетни кадри на општината Бесплатни карти за превоз на учениците 24 часа за сите ученици од основно и средно образование.
Формирање на претприемачки инкубатор за нови бизниси за млади лица.Со овој проект се предвидува формирање на претприемачки инкубатор за почетници, со што би се овозможило изнајмување на простории со повластени цени, располагање со деловна инфраструктура, интелектуални и деловни услуги, како и советодавна поддршка за успешен развој на своите идеи и бизнис. Воедно би се добивале и техничка поддршка во насока на развој, сметководствени и маркетиншки услуги и програми за едукација и советодавна помош со цел изнаоѓање на финансиски средства преку национални и меѓународни проекти.

Поддршка за отварање на бизниси за млади Договор помеѓу општината, бизнис заедницата и средните стручни училишта.
Субвенции за вработени во туризмот Со оглед на тоа што дека има недостиг на вработени во угостителско-туристичкиот сектор субвенции за вработените.

Младите ќе бидат клучната сила во нашата заедничка цел за убав Охрид и за подобра Македонија.
Затоа на 21 април, бројот 5 е единствениот избор за младите.
5 за град кој се темели врз цврста младина.
5 за многу нови проекти за младите.
5 за убав град! Охрид повикува, истакна Митре Милошевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close