Утре ќе гласаат болните и немоќни лица и затворениците

Утре, ден пред одржување на претседателските и вонредните локални избори во Охрид, Дебар и Ново Село своето право на глас ќе може да го остварат болните, раселените лица и затворениците. Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), утре, своето право на глас ќе можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица […]

The post Утре ќе гласаат болните и немоќни лица и затворениците appeared first on Скопје1.мк.

Утре, ден пред одржување на претседателските и вонредните локални избори во Охрид, Дебар и Ново Село своето право на глас ќе може да го остварат болните, раселените лица и затворениците.

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), утре, своето право на глас ќе можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во домашен притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќни и болни кои се пријавиле за гласање во општинските изборни комисии.

Во Охрид пријавени за гласање се 125 болни и изнемоштени лица, а право на глас имаат 121. Причината е најверојатно истечен рок на личните карти на лицата. Во охридскиот затвор право на глас на претседателските избори имаат 19 лица, а за градоначалник 7 лица.

Гласањето и утре и задутре на денот на изборите почнува во седум часот наутро и ќе трае до 19:00 часот.

Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Градот Скопје и на 32 избирачки места во странство а право на глас имаат 1.808.131 граѓани. Во Охрид вкупниот број на запишани гласачи е 52.303, а ќе се гласа на 88 избирачки места.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5-ти мај.

The post Утре ќе гласаат болните и немоќни лица и затворениците appeared first on Скопје1.мк.

Close