СДСМ преку апликација ги прибира матични броеви на граѓаните, тврди портпаролот на Сиљановска

Горан Момировски, портпарол на изборниот штаб на кандидатката за претседател Гордана Сиљановска-Давкова, изјави дека замената на единствениот матичен број на граѓаните на изборната апликација на СДСМ со бројка и буква укажува дека се точни индикациите дека оваа партија ги прибирала матичните броеви на граѓаните. Момировски за, како што вели, аферата Големото око, денеска ги информирал […]

The post СДСМ преку апликација ги прибира матични броеви на граѓаните, тврди портпаролот на Сиљановска appeared first on Скопје1.мк.

Горан Момировски, портпарол на изборниот штаб на кандидатката за претседател Гордана Сиљановска-Давкова, изјави дека замената на единствениот матичен број на граѓаните на изборната апликација на СДСМ со бројка и буква укажува дека се точни индикациите дека оваа партија ги прибирала матичните броеви на граѓаните.

Момировски за, како што вели, аферата Големото око, денеска ги информирал претставниците на набљудувачката мисија на ОБСЕ.

– Премиерот Заев вчера потврди дека постои апликација и утврди дека се работи само за избирачкиот список кои што го имаат политичките партии меѓутоа ние до сега не видовме никаква проверка од страна на надлежните институции што точно има на серверот на СДСМ, какви податоци се складирани, и главното прашање е дали во копијата од избирачкиот список што го има социјалдемократскиот сојуз се наоѓаат и матичните броеви на сите македонски гласачи, рече Момировски.

Појасни дека МВР не направи напор ниту еднаш по навните укажувања да го одземат серверот од СДСМ за да се провери што се случува и што на него има.

– Ние за жал, преку социјалните мрежи вчера и завчера во живо практично следиме како се блокира серверот на СДСМ, како се апдејтира апликацијата и дека серверот во одредени моменти не работеше, за сега повторно да проработи. Се сомневаме дека дел од хард дисковите се веќе избришани или променети, и главната информација што ја дознавме вчера од социјалните мрежи е дека преку кодот на апликацијата, единствениот матичен број на граѓаните сега е заменет со други бројка и буква што укажува на тоа дека индициите дека сепак СДСМ ги прибирала матичните броеви на граѓаните преку изборната апликација се точни, додате Момировски.

The post СДСМ преку апликација ги прибира матични броеви на граѓаните, тврди портпаролот на Сиљановска appeared first on Скопје1.мк.

Close