КОЈ ПРИСЛУШКУВАЛ: Вработен во УБК му се јавил на „таргетот“

Со вкрстено испрашување од одбраната на сведокот Звонко Костовски денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина”. На прашања од обвинетиот Владимир Валеров, сведокот Костовски кажа дека имал пристап до домејнот со сите компјутери на кои бил инсталиран најс-трак системот од каде можел да прави копија од привремено зачуваните […]

The post КОЈ ПРИСЛУШКУВАЛ: Вработен во УБК му се јавил на „таргетот“ appeared first on Скопје1.мк.

Со вкрстено испрашување од одбраната на сведокот Звонко Костовски денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина”.

На прашања од обвинетиот Владимир Валеров, сведокот Костовски кажа дека имал пристап до домејнот со сите компјутери на кои бил инсталиран најс-трак системот од каде можел да прави копија од привремено зачуваните документи што корисниците на компјутерите ги креирале.

На прашање од обвинетиот Валеров, зошто кога веќе дознал не му предочил на Горан Грујевски дека нелегално се прислушува, сведокот Костовски рече дека тоа се прислушкувања по наредба на Грујевски.

– Па што да му кажам повеќе што не знае, рече Костовски.

Во однос на тоа како бил контролиран од Горан Грујевски дека не ги пречекорил неговите насоки, сведокот Костовски рече дека не знае како Грујевски им вршел контрола, посочувајќи дека можеби тоа го правел преку неговиот претпоставен Небојша Стајковиќ, кој ги имал истите привилегии.

Прашан од обвинетиот Васил Исаковски, како го поврзал него со креираните ворд документи, Костовски рече дека ги имал имињата на сите репродуценти, па и од него.
Извор: Сител

The post КОЈ ПРИСЛУШКУВАЛ: Вработен во УБК му се јавил на „таргетот“ appeared first on Скопје1.мк.

Close