Од денес вакцинација против морбили во сите училишта

Поради прогласувањето епидемија на морбили на територија на цела држава, од денеска ќе почне теренска вакцинација на учениците во сите средни и основни училишта, најави министерот за образование и наука Арбер Адеми. Очекува дека оваа теренска вакцинација ќе биде успешна, ќе даде резултат и ситуација со морбилите ќе се надмине. Подвлече дека министерствата за здравство […]

The post Од денес вакцинација против морбили во сите училишта appeared first on Скопје1.мк.

Поради прогласувањето епидемија на морбили на територија на цела држава, од денеска ќе почне теренска вакцинација на учениците во сите средни и основни училишта, најави министерот за образование и наука Арбер Адеми. Очекува дека оваа теренска вакцинација ќе биде успешна, ќе даде резултат и ситуација со морбилите ќе се надмине. Подвлече дека министерствата за здравство и за образование се во постојана комуникација и заеднички бараат решение како да се испочитуваат Уставот, во кој стои дека основното образование е задолжително, и Законот за основно образование, во кој е нагласено дека родителот при упис на детето во прво одделение треба да приложи потврда за примените вакцини. Во ек на епидемија, нагласи Адеми, важно е да се заштити здравјето на населението, пред сè на децата и затоа ќе следува имунизација.

„Ние сме во постојана комуникација со Министерство за здравство. Навистина состојбата со морбилите е алармантна. Во фаза е имунизирање и изнаоѓање што подобро законско решение. Во Законот за основно образование посочено е дека при упис во основните училишта треба да се приложи потврда дека детето ги има примено вакцините според календарот за имунизација. Секоја наша одука треба да биде во насока и во согласност со уставните одредби, каде што основното образование е задолжително, но секако треба да се зачува и да не се загрозува јавното здравје на кој било. Во оваа насока ќе бидат нашите законски и подзаконски решенија. Кампањата за вакцинација не е агресивна, а треба да биде имајќи ја во предвид ситуацијата со која се соочуваме. Во државава имаме епидемија и недозволиво е институциите да стојат со скрстени раце, туку да бидат активни, да излезат на терен и да ја подобрат ситуацијата“, рече Адеми.

Прочитај повеќе на Независен.мк

The post Од денес вакцинација против морбили во сите училишта appeared first on Скопје1.мк.

Close