Честитка на ОК ВМРО ДПМНЕ по повод 23 Октомври Денот на македонскта револуционерна борба

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

23 Октомври – Симбол на патриотизам, непокор и победа!

На 23 октомври 1893 година во Солун темелите на Македонската револуционерна организација ги удираат шесте визионери Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев.

Крајна цел на ВМРО била и останала секогаш – Македонија.

Вечно да ги славиме хероите кои својот живот го положија на олтарот на слободата за Македонија.

Промените, проектите и победите носат подобро живеење за нашите граѓани, развиен Охрид и силна Македонија.

Нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Close