Георгиески: Упатувам искрени честитки по повод „23 октомври – Денот на Македонската револуционерна борба“

Упатувам искрени честитки по повод „23 октомври – Денот на Македонската револуционерна борба“. Во овој датум и во овој ден, содржани се сите наши борби, стремежи и идеали за самостојна македонска држава. Генерации наши револуционери и борци ги вградиле своите животи, водени од идеалот за самостојна држава, за праведен живот и социјална еднаквост. Денес, ние им се поклонуваме на сите кои придонеле да ја имаме нашата држава, која ја градиме како заеднички дом за сите граѓани. Пред нас денес стојат нови искушенија и предизвици, на кои верувам дека како генерација успешно ќе одговориме, нашата Татковина да биде просперитетна и успешна со благодети за сите граѓани. Да ни е вековит и честит “23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба“, пишува во својата ФБ објава кандидатот за градоначалник од СДСМ , Константин Георгиески.

Close