„СлободенПечат.мк“: Невидено насилство во малолетничкиот затвор во Охрид – Затворски чувар со „француски клуч“ тепал деца!?

Двајца малолетници, осудени на казна затвор, санкција што ја издржуваат во охридскиот затвор, биле жртви на насилство од припадник на затворската полиција. Чуварот им ги удирал главите од вратата на ќелијата, ги тепал со „француски клуч“, а ги удирал и со дрвен предмет по грбовите, се наведува во текстот на новинарот Горан Наумовски објавен во Слободен печат“.

И порано децата биле жртви на насилство во оваа институција, па им била укажана медицинска помош од лекар во самиот затвор. Децата неколкупати пријавувале кај директорот дека претрпеле насилство, но досега нивните пријави не дале посебен резултат. Ова невидено насилство и тортура во малолетничкиот затвор во Охрид е нотиран во најновиот извештај на Хелсиншкиот комитет.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Close