Стоилковски: Универзална сала на Шилегов не работи, а плаќа за наем на опрема за над 100.000 евра!?

Пет години во Скопје Универзалната сала е затворена, 5 години нема никакви случувања, ама тоа не значи дека Петре Шилегов и неговиот пријател Филип Аврамчев, поставен од Шилегов за директор на Универзалната сала, не виделе добра шанса за нелогични трошења во овие години. Имено, Универзалната сала 5 години е затворена и пропаѓа. Нема ниедно случување, а со години внимавајте изнајмува, плаќа рентање на опрема за настани, во вредност од над 100.000 евра!? A, притоа, внимавајте, се купува опрема за звук и светло, за 6.500 евра! – посочи на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој додава дека во 2019-тата година Универзалната сала на Шилегов дава 52.381 евро за „Техничка поддршка и наем на техничка опрема за озвучување и осветлување на настани во организација Универзалната сала“. Односно изнајмува опрема, плаќа над 52 илјади евра за опрема, за светло и озвучување, иако нема сала Универзалната сала е затворена и нема настани!?

-Истото се повторува и во 2021 година. Повторно тендер за изнајмување. За „Техничка поддршка и наем за озвучување и осветлување“ и се даваат 50.400 евра! Оваа 2021 година, сала нема, нема каде и што да се озвучува и да се осветлува. А, притоа, потсетувам постои опрема, а во 2018-тата и е докупена опрема за 6.500 евра!
Овие договори ги добива компанија којашто според познавачите е позната и блиска на Петре Шилегов, а тој треба да каже дали тоа е основот за Универзалната сала да мора да изнајмува опрема иако е затворена и нема услови и нема каде да организира настани!? Секако, ова не е се! Во две години, 2019-та и 2020-та година, има склучени 4 договори на Универзалната сала за маркетинг и рекламирање сите платени по 23.000 евра или вкупно над 92.000 евра! 92.000 евра за реклами на Универзалната сала, а Универзална сала е затворена и нема настани! Што е тоа што е рекламирано за настан во Универзална сала што чини 92.000 евра платени за услуги од маркетинг агенции? Значи да повторам нема настани, 100.000 евра се дадени за изнајмување за опрема за звук и светло иако Универзална сала е затворена и не работи. Нема настани, ништо не се случува, Универзална сала е затворена, а мора да одговорат што е тоа што рекламирале во две години за 92.000 евра – додаде Стоилковски.

Тој обвини дека додека Шилегов секоја година имал нов став за Универзалната сала, а неговиот кабинет уште и додал „нема да се руши, ама ќе се гради, само да видиме каде“, Универзалната сала е непресушен извор и за луксузи!

Над 18.000 евра за три години се дадени за резервации на авионски карти за Универзална сала. Следат трошоци за хотели, ресторански услуги, рентакар, храна, пијалоци, мобилни телефони, севкупно 65.000 евра за три години. Три години со Петре Шилегов Универзалната сала нема – ама има трошоци за изнајмувања опрема, рекламни агенции и за луксузи! Наместо со нова Универзалната сала, Скопје со Шилегов само пропаѓа и плаќа сметки за луксузи! Нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов!- коментира портпаролот на опозицијата.

Close