Во Охрид во изминативе 24 часа три нови случаи позитивни на КОВИД 19

Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.209 тестирањe, а регистрирани се 411 нови случаи на ковид-19.

Распределбата по градоиц е следна:

Скопје – 198, Куманово – 40, Штип – 19, Велес – 18, Кавадарци и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 10, Тетово и Радовиш – по 7, Струга – 6, Струмица и Пробиштип – по 5, Гевгелија, Неготино и Ресен – по 4, Охрид, Кичево, Свети Николе, Богданци, Крушево и Македонска Каменица – по 3, Валандово и Демир Хисар – по 2, Делчево и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 4 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г, и 65г), и по едно починато лице од Куманово (74г) и Пробиштип (39г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 31.08.2021 до 16.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје и едно лице од Кичево, на возраст од 80 до 93 години. Од пријавени лица, две се починати во домашни услови и едно лице е во болнички услови.

Направени се 3.209 тестови преку: ИЈЗ-254, ЦЈЗ Скопје-84, ЦЈЗ Битола-69, ЦЈЗ Прилеп-64,

ЦЈЗ Тетово–54, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–163, Жан Митрев (Филип Втори)-56, Авицена-115, Биотек-136, Систина-67, лабораторија Лаор-162, Синлаб-19, Ремедика-13, Плодност–22, Генеа-35, Никоб лаб-386, ВФВ Медикал-32, Ели Медика-54, Ројал Медика –8, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.366.

Досега во земјата се направени вкупно 1.357.742 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.057, бројот на оздравени пациенти е 185.931, на починати е 7.019, а бројот на активни случаи изнесува 6.107.

Close