Георгиески: Градиме нови плоштади и го враќаме сјајот на охридската чаршија во рамки на проектот „Урбана култура“

Градиме нови плоштади и го враќаме сјајот на охридската чаршија во рамки на проектот „Урбана култура“.
1️⃣Реконструкција на плоштадот „Чинар“ заедно со пешачката улица „Гоце Делчев“.
✔️замена на постојниот плочник со нови гранитни плочки,
✔️замена на постојната фонтана, уредување на просторот околу „Чинарoт“,
✔️нова урбана опрема и осветлување,
👍Обезбедена е потребната документација и во моментот се чека Конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство.
2️⃣Реконструкција на Охридската чаршија.
✔️поплочување на целата површина со гранитни плочки од „Чинарот“ до градскиот плоштад,
✔️унифицирање на излозите и рекламните паноа на деловните објекти.
3️⃣Реконструкција на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.
✔️поплочување на целата површина,
✔️поставување на автентична урбана опрема,
✔️осветлување и современо хортикултурно уредување.
👍Активностите и градежните зафати ќе бидат во согласност со сите предвидени мерки за заштита и чување на препознатливите визури на градот.
4️⃣Замена на бехатон плочките од сите локации во заштитениот дел на градот и уредување на патеките во склад со староградската архитектура.
📢Ги нудиме најдобрите решенија и проекти кои се во интерес на сите граѓани. Затоа на 31-ви октомври да се обединиме, да го заокружиме бројот 12, за Охрид да продолжи напред!
-пишува во својата ФБ објава кандидатот за градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески.
Close