(ФОТО) Финални активности за целосна конзервација и реставрација на куќата на Хаџиеви

Во тек се финалните активности од реализацијата на проектот за целосна конзервација и реставрација на куќата на Хаџиеви која го има статусот на значајно културно наследство. Во оваа фаза се извршуваат конзерваторско-реставраторски активности на фасадата и се заменува дотраената дограма на куќата. Проектот е финансиран од Министерството за култура, а се изведува под стручен надзор од м-р Горан Патчев, виш конзерватор од НУ Завод и Музеј Охрид.

извор: Завод и Музеј Охрид

Close