Пецаков: Ревитализација на Студенчишко блато

Во рамките на ревитализацијата e опфатено и воспоставување
поврзаност меѓу Студенчишкото Блато и Охридското Езеро
преку канали. Просторот околу нив има да биде партерно уреден со
пешачки патеки и пропратни елементи, инфо табли со презентирани информации поврзани со блатото. На одредени точки поставување и видиковци од каде што посетителите добиваат подобра слика за целиот простор.
Целта на овој проект е заштита на рибниот фонд, со посебен акцент на заштита
на ендемичната охридска пастрмка, зголемување на протокот на
вода, зачувување на растителниот и животинскиот свет, мрестот
на крапот и гнездењето на птиците. На тој начин се обезбедува
зачувување на целокупниот езерски екосистем и влез на општина
Охрид во биосферен резерват.
-пишува во својата ФБ објава кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков.
Close